Три медицински лица се пријавени во Лекарска комора бидејќи редовно шират антиваксерска кампања во период кога ковид пандемијата не стивнува и на дневно ниво има по 1.300 заразени и околу 30 починати, потврдуваат од Комората за „Фокус“.
Иако, со масовна вакцинација треба да се спречи ширењето на вирусот, сепак социјалните мрежи се преплавени со антиваксери, а меѓу нив честопати се среќаваат и лекари кои ги убедуваат граѓаните да не се вакцинираат.
„Во врска со објавите на медицински лица кои шират антиваксерска програма во ЛК стасаа три пријави по кои за да се постапи треба да се докомплетираат, бидејќи сега единствено имаме принтскрин од објави на социјални мрежи. Кога ќе се докомплетират пријавите, по нив ќе се постапи, согласно надлежностите на Комората. Исто така, ги разгледуваме можностите и потребите ова прашање законски да се дорегулира за да може поедноставно да се постапува. До стручните здруженија ќе се испрати барање да изготват протоколи за вакцинација, по што ќе се направи едукација, како што тоа и до сега го правевме преку он лајн настани“велат од Комората.
„Фокус“ во неделникот веќе објави дел од лекарите кои подолг период водат битка против вакцинацијата во државата.
И.М.