Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Мексико Сити

by Fokus

Три лица загинаа кога приватен хеликоптер „Бел 206“ се урна во Мексико Сити, соопшти денеска министерот за јавна безбедност Пабло Васкез Камачо.

„Јас сум во општина Коџоакан каде се урна приватен хеликоптер. Досега е потврдена смртта на три лица“, напиша тој на социјалната мрежа X.

Министерот истакна дека полицијата во Мексико Сити ќе продолжи да работи во соработка со пожарникарите, Министерството за одбрана, спасувачите, обвинителството и аеродромот Фелипе Анџелес за расветлување на сите околности на инцидентот, објави порталот „Квадратин Мексико“.

Хеликоптерот со пилот и двајца патници паднал врз зградата на автомеханичар, каде во моментот немало никој.

Канцеларијата на јавниот обвинител на Мексико Сити започна истрага за инцидентот.

Поврзани новости