257
Три лица загинаа, меѓу кои и осомничениот напаѓач, во пукање во хотелот „Супер Ејт“ во градот Клоки во американската сојузна држава Минесота, соопшти полицијата.
Полицијата соопшти дека е убиена 22-годишна вработена во хотелот, која се здобила со тешки повреди и набрзо починала во болница, како и 35-годишен маж кој бил пронајден со прострелна рана во автомобил во паркингот на хотелот, објави CBS News.
Полицајците пронашле мртов маж и осомничен за пукање пред хотелот.
Полицијата соопшти дека засега не е познат мотивот за пукањето, а повеќе информации за случајот ќе соопштат во среда, пренесува Танјуг.