Три лица се затруле во рудник во Пробиштип

by fokus

Двајца жители на село Злетово и еден од село Секуларци вчера се затруле во јама во рудник во село Добрево, по што биле однесени во Итна медицинска помош.

-Вчера во 11,30 часот во Полициска станица Пробиштип е пријавено дека во Итната медицинска помош Пробиштип биле донесени З.Н.(43), М.Н.(37) двајцата од с.Злетово и Т.Ј.(48) од с.Секуларци, кои, според пријавеното, биле затруени во јама во рудник во с.Добрево, Пробиштип каде работеле. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

 

Поврзани новости