2
Две жени и еден маж се повредени во Белград од страна на возач кој намерно удрил во нив додека се подготвувале да заминат на протест во центарот на градот.
Лицата се префрлени во болница каде им била укажана лекарска помош во Ургентниот центар, и констатирани полесни повреди, соопшти МВР на Србија.
Веднаш по инцидентот, полицијата го пронашла и привела лицето, кој со автомобил БМВ удрил три лица во населбата Чукарица во Белград. При приведувањето тој дал „активен отпор“, по што полицијата го совладала.