93
Едно лице е потешко, а две се полесно повредени откако напаѓач ги избодел со нож изутринава на железничката станица Лион во југоисточниот дел на Париз, јави ДПА.
Обезбедувањето на станицата успеало да го совлада напаѓачот и да го предаде на полицијата. Тој при апсењето приложил италијанска возачка дозвола.
Трите лица биле избодени во чекалната на подземното ниво на станицата. Мотивите за нападот засега се нејасни.