496
Во текот на вчерашниот ден било пријавено дека три лица биле искасани од кучиња скитници во Скопје, а меѓу нив имало две малолетни деца, велат од МВР.
„Г.Д.Ч.(48) од Скопје вчера во 10.30 часот во Полициската станица Гази Баба пријавила дека на ул.„Трифун Хаџи Јанев“ нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.
О.Г.(45) од Скопје вчера во 17.45 часот во Полициската станица Кисела Вода пријавил дека на ул.„Серска“ неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.
Ф.Т.(21) од Скопје вчера во 20 часот во Полициската станица Кисела Вода пријавила дека на бул.„Борис Трајковски“ била касната од куче скитник“, соопштија од МВР.