412
Во текот на вчерашниот ден, три лица, меѓу кои и малолетно девојче, биле искасани од улични кучиња во Тетовско, Кичево и Центар.
„На 08.11.2022 во 11.25 часот во СВР Тетово, Д.Т.(36) од тетовско Радиовце пријавил дека неговата малолетна ќерка во селото била касната од куче скитник.
На 08.11..2022 во 13.40 часот во Полициската станица Кичево, Б.Г.(32) од Кичево пријавил дека на улица „Ибе Паликуќа“ во Кичево бил каснат од куче скитник.
На 08.11.2022 во 19.30 часот во Полициската станица Центар, М.Н.(21) од Струмица пријавила дека на Плоштад „Македонија“ била касната од куче скитник“, велат од МВР.