„Три куршуми во воздух, четвртиот во чело“, тоа е моја наредба, порача Кадиров

by Fokus

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров ги коментираше антисемитските немири на аеродромот во Махачкала.

Тој ги повика безбедносните сили веднаш да ги уапсат бунтовниците, а доколку лицето не одговори на три предупредувачки истрели, да му пукаат во челото, пренесува руската државна новинска агенција РИА Новости.

„Ако имаме макар и едно лице кое учествува во неовластен бунт, заклучете го и затворете го или испукајте три предупредувачки истрели во воздух и после тоа, ако не го почитува законот, испукајте го четвртиот истрел во неговото чело. Тој повеќе нема да учествува. Ова е моја наредба“, рече тој на состанокот со претставници на Министерството за внатрешни работи и Националната гарда на Русија.

Во неделата, во Махачкала, локалните жители упаднаа на пистата на аеродромот по пристигнувањето на лет од Тел Авив. Тие, како што беше соопштено, барале израелски граѓани кои пристигнуваа, а исто така ги проверуваа и автомобилите што ја напуштаа областа.

Според податоците на Одделот на Министерството за внатрешни работи за Севернокавкаскиот федерален округ, приведени се 83 лица. Во врска со масовните немири е поведена кривична постапка. Кадиров нагласи дека Чеченија успеала да спречи инциденти како што се антисемитските немири во Дагестан.

Поврзани новости