Три куќи изгореа во пожарот кај Бељаковце, кој е изгаснат ноќеска

by Fokus

Во пожарот што ноќеска беше разгорен во селото Бељаковце во Општина Старо Нагоричане изгорени се две куќи и две помошни простории, додека во селото Ругинце изгорена е една стара напуштена куќа, информираат денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Пожарот, додаваат од ЦУК, е изгаснат во два часа по полноќ.

„Пожарот се движеше во два правци со линија подолга од еден километар, а и двата крака дополнително загрозуваа други куќи од овие две села. Ветрот го ширеше огнот многу брзо, изгореа високата сува трева, трња, дрвја, а меѓу нив и лесно горливите ниски смреки и други зимзелени дрвја. Чекањето на раните утрински часови, кога можеа да полетаат двата полициски и еден армиски хеликоптер, ќе предизвикаше дополнителен ризик за куќите и населението во овие две села. Затоа пожарникарите интервенираа во текот на ноќта со гаснење по земја“, изјави директорот на ЦУК Стојанче Ангелов.

Ангелов вели дека во гаснењето на пожарот биле вклучени пожарникари од Старо Нагоричане, Ранковце и Крива Паланка, а поради сериозноста и алармантната ситуација напомош стигнале и пожарникари од Кавадарци, Штип, Свети Николе и Куманово, вклучително и доброволци од противпожарно друштво од Свети Николе, но и неколку локални жители.

„Пожарникарите со теренски возила беа пренесени до линија на огнот каде со рачни прскалки со 20 литри вода кои се носат на грб, како и специјални противпожарни метли со метални ленти се гаснеше пожарот. По двочасовна интервенција целосно е изгаснат овој пожар. На двата крака остана по една дежурна екипа пожарникари од Кавадарци и Штип чија задача беше да внимаваат пожарот повторно да не се разгори.Утрово пожарот е изгаснат и нема нова опасност од разгорување“, изјави Ангелов.

Во

Поврзани новости