Три килограми марихуана најдени во чајџилница во Гостивар, уапсен сопственикот

by fokus

Гостиварската полиција при претрес на една чајџилница во градот, вчера открила три килограми марихуана. Набрзо потоа три лица се приведени, а две задржани во полициска станица Гостивар.

Според информациите од СВР Тетово, полициски службеници со судска наредба влегле во угостителски објект (чајџилница) кој се наоѓа на булеварот „Гоце Делчев“ и извршиле претрес. Објектот под закуп го држел Д.А. (55) од Гостивар.

– Во една помошна просторија откриени се три пресувани и облепени со најлонска лента пакувања во кои имало тревкаста материја. Најверојатно станува збор за опојна дрога марихуана чија количина е околу три килограми. Пронајдените работи се фотодокументирани и одземени, по што ќе следуваат активности за целосно расветлување на случајот.

По претресот, од слобода се лишени сопственикот на чајџилницата Д.А. (55), Р.М. (59) од Врапчиште и С.Х. (23), кој по извршениот разговор е пуштен дома, информираат од полицијата.

Поврзани новости