702
На тригодишна затворска казна е осуден возачот Јордан Ѓоргиев кој во сообраќајна незгода кај Сити мол ја прегази 24-годишната Викторија Николова од Радовиш.
-Кога би можел да го вратам времето, тогаш би се сменил со трагично загинатата Викторија. Свесно го давам признанието, рече Горгиев на предходното рочиште.
Трагичната сообраќајната несреќа се случи на 20 јануари годинава во близина на раскрсницата кај Трговскиот центар „Сити мол“, при што животот го загуби Викторија Николова.
Според пресудата, обвинетиот се движел со брзина од 67,3 километри на час, брзина поголема од 17 километри на час од предвидената.
На возачот претходно му беше одреден 30-дневен притвор.