878
Три години од тој кобен 6 август 2016 година, сеќавањата за ужасите кои ги предизвика водената стихија не бледнеат, се уште се живи кај жителите на Стајковци, едно од најпогодените места од поплавата.
Со сите се сеќаваат на 11-годишниот Иван, кого водата го земала од рацете на неговиот дедо и го однела во сигурна смрт.
Се сеќаваат на 60-годишната нивна сограѓанка, која враќајќи се од гости со сопругот, не успеала да излезе од автомобилот на обиколницата. Мажот се спасил, жената не.
Тие се само дел од 22-те жртви, кои ги загубија животите на 6 август 2016 година, кога Стајковци, Сингелиќ, Инџиково, Страчинци, Смилковци, Црешево и Арачиново се соочија со незапаметено невреме и поплава од невидени размери.