872
Три малолетни девојчиња со повреди се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, откако патничко возило утрово удрило во нив на улица „Христијан Тодоровски Карпош“ во скопски Чаир.
Од МВР за МИА информираат дека во 10:58 часот е пријавено дека патничко моторно возило „Пасат“ со скопски регистарски таблици удрило во трите малолетни девојчиња – пешаци.
Полицијата се уште врши увид на местото на несреќата.