466
Во пожар кој зафати куќа на истокот во Русија ,настрадаа три деца, изјавија руските власти.
Руското министерство за вондредни ситуации потврди дека едно дете и родителите успеале да се спасат, во моментот кога избил пожарот.
„Пожарот утринава зафати едноспратна куќа во селото Пристен во која живеело семејство со четири деца. Телата на трите деца се пронајдени од пожарникарите при гаснењето на пожарот“ – изјави извор од Министерството.
ФОТО – ЕПА/ Петер Да Силва