Три деца останаа сирачиња – млад брачен пар загина на мотор

by Fokus

Две лица загинаа во сообраќајна несреќа денеска што се случи околу 14 часот и 30 минути во Нови Михаљевци, објавија хрватските медиуми.

Возачот на мотоциклот и неговата сопатничка загинале, додека возачот на „голфот“ е неповреден, пренесува „Јутарњи лист“.

Локален портал дознава дека загинал млад брачен пар, родители на три мали деца од околината на Јакшиќ, место источно од Пожега.

Неофицијално, мотоциклистот, со намера да сврти десно, изгубил контрола над возилото и се придвижил на левата страна од коловозот токму во моментот кога возачот на „голфот“ се приближил од спротивната насока.

На местото на несреќата излегле итните служби и полицијата.

Поврзани новости