Три автомобили ноќеска изгореа во Скопје

by valentina 14:37
14:37

Во текот на изминатата ноќ во Скопје, во два одвоени инциденти, биле запалени три возила.

-На 20.09.2026 во 03:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Џон Кенеди“ во Скопје било опожарено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на З.И. (54) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот е изгаснат од екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Во вториот пријавен случај бил опожарени две возила.

-Денеска (20.09.2026) во 06:05 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Финска“ во Скопје било опожарено патничко возило „шевролет каптива“ со кумановски регистарски ознаки, во сопственост на Д.Н.(40) од Куманово, а огнот зафатил и патничко возило „фолксваген голф 4“ со скопски регистарски ознаки. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгасила пожарот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од МВР.

Слични вести