Димитриевски: Не влеговме во Владата за фотелји

by valentina 15:04
15:04

Две години работа, две години резултати, една љубов – Македонија. Со ова мото Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со директните средби со граѓаните и отчетот за преземената одговорност во Владата и Собранието, се вели во соопштението од ЗНАМ.

Пред граѓаните во Велес, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, порача дека политиката мора да биде во функција на државата и интересот на граѓаните, а не борба за позиции.

-Не влеговме во Владата за фотелји. Влеговме затоа што веруваме дека Македонија може да биде подобро место за живеење и дека државата мора да се гради со работа, морал, одговорност и резултати, истакна Димитриевски.

Тој нагласи дека отчетноста не смее да биде само политичка фраза, туку обврска на секој што ја добил довербата од граѓаните.

-Ние не се криеме зад партиски фрази и дневнополитички партиски соопштенија. Она што сме го направиле ќе го покажеме. Она што не сме го направиле ќе го кажеме. А она што останува пред нас ќе го завршиме. Македонија нема време за уште едни изгубени години, порача претседателот на ЗНАМ.

Слични вести