Три автобуси експлодираа во Израел, сомнежите се дека се работи за терористички напад

by Fokus

Израелската полиција истражува повеќекратни експлозии што се случија во три автобуси во Бат Јам, град јужно од Тел Авив.

Според првичните информации се сомничи терористички напад.

Инцидентот се случил вечерва, а експлозии биле пријавени на различни паркинзи низ градот.

Засега нема информации за повредени, а автобусите биле празни.

На местото на настанот се распоредени силни полициски сили, а потрагата по осомничените е во тек, јавуваат израелските медиуми.

Полицијата го пребарува теренот за дополнителни сомнителни предмети.

На возачите на автобуси долж Израел им беше наредено да ги запрат своите линии и да ги прегледаат возилата за сомнителни предмети.

Поврзани новости