377
Србија ја одбрани олимписката титула во ватерполо во машка конкуренција откако денеска во финалето на Игрите во Париз ја совлада Хрватска со 13-11 (5-2, 3-3, 3-3, 2-3).
Најефикасен од српската репрезентација беше Милош Чук, кој даде три голови, а во составот на Хрватска, исто со три голови, најефикасен беше Јерко Мариниќ Крагиќ.
По Рио де Жанеиро во 2016 година и Токио во 2021 година, ова е трето последователно злато за српските ватерполисти на Олимписките игри,