675
Народниот правобранител Насер Зибери, го посетил бизнисменот Орце Камчев во притворското одделение во затворот во Шутка и констатирал дека имал нехуман и нечовечки третман, тврди одбраната на Камчев, а пренесоа дел од порталите.
Нехуман третман, тортура, понижувачки услови и загрозување на здравјето на притвореникот Орце Камчев, утврдил Народниот правобранител откако адвокатите на Камчев побарале увид во условите во кој Камчев го издржува притворот. За ова одбраната веќе ги известил и сите дипломатски претставништва во земјава, јавува МКД.мк.