Третиот ранет во престрелката во Стара чаршија е пуштен на домашно лекување, имал две прострелни рани

by Fokus

На третиот ранет во вечерашното пукање во угостителски објект во Старата скопска чаршија му е укажана лекарска помош и е пуштен на домашно лекување.

Тој бил примен во Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ (старата Градска болница) со две прострелни рани.

„Вечерва околу 20:15 часот со приватно возило е донесено лице на преглед во нашата клиника. Констатирана е прострелна рана во предел на левото стапало и поголема рана во предел на десната потколеница.

Раните се обработени, направени се потребните снимања, преврзани се и е поставена имобилизиција, по што лицето е пуштено на домашно лекување, односно не е задржано“, изјавиле од болницата за МИА.

Поврзани новости