Во Република Македонија 51 отсто од испитаниците изјавиле дека се чувствуваат среќни, 11 проценти несреќни и 35 отсто ниту среќни ниту несреќни, а 2 отсто немаат одговор. Индексот на нето среќа во Македонија изнесува +40 отсто и е понизок за 16 проценти од глобалниот просек.
На прашањето „Што се однесува до Вас, дали сметате дека 2016 година ќе биде подобра или полоша од 2015 година”, во Македонија 34 отсто од испитаниците се со надеж дека 2016-ти ќе биде подобра наспроти 25 проценти кои го сметаат дека ќе биде полоша и 36% дека ќе биде иста а 5 отст немаат одреден одговор. Индексот на нето надеж во Македонија изнесува +9 проценти и е помал за 29 отсто од глобалниот просек.
Во однос на економскиот просперитет во 2016-та година, 30 отсто од граѓаните на Македонија сметаат дека ќе се влоши, 25 отсто дека ќе се подобри, 38 проценти сметаат дека ќе остане непроменет а 7 отсто немаат одреден одговор. Индексот на нето економски оптимизам во Македонија е со негативен предзнак и изнесува -5 отсто.