444
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека војната во Украина е „загрижувачка и опасна“ и дека не е претерување да се каже дека постои реална опасност од светска војна.
Орбан додаде дека „се повеќе се носат одлуки за употреба на понови и посилни оружја“ и дека „Западот и испраќа на Украина сè помодерна опрема“.
-Додека, од една страна, може да звучи како претерување кога некои европски и американски лидери велат дека, ако сè продолжи вака, може да дојде до трета светска војна, тоа е навистина реална опасност – посочи Орбан.
Унгарскиот премиер додаде дека војната станува се покрвава и брутална, но дека бројот на европските земји и лидери кои го поддржуваат мирот не е зголемен.