Земјотрес со јачина од 6 степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на Крит, а тоа е трет силен земјотрес што денеска ја погоди Грција.
Епицентарот на земјотресот, кој се случи во 20.59 часот по локално време, бил на 174 километри источно од Ираклион на длабочина од 10 километри, се наведува на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар.
Претходно земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала ги потресе јужните грчки острови, а најмногу е почувствуван на Крит, пренесе „Катимерини“.
Потоа, Грција во 18.14 часот ја погоди уште еден земјотрес со јачина од 4 степени, на планините западно од Атина, на 27 километри североисточно од градот Коринт, на длабочина од 16,7 километри.
Засега нема информации за материјална штета, ниту има информации за евентуални повредени.