Трет случај на Ковид-19 во Дрекслмајер

by Fokus

Маж на возраст од 55 години од Кавадарци, вработен во германската фабрика Дрекслмајер е новиот регистриран пациент позитивен на корона вирус. Лицето имало симптоми на болеста, по што побарало тестирање.

Денеска стигнал позитивниот резултат од брисот.

-Пациентот сега е во добра состојба, на домашно лекување. Симптомите кои ги имал пред да побара тестирање сега се повлечени, во изолација остануваат и членови на неговото семејство. Се утврдуваат останатите контакти кои ги имал пациентот изминатиот период – велат од Центар за јавно здравје Кавадарци.

Ова е трет случај на вирусот во фабриката која е најголемиот вработувач во регионот и каде работат луѓе од Кавадарци, Неготино, Велес, Прилеп и околината. На 29-ти јуни беше регистрирана првата инфицирана работничка, жена на возраст од 50 години.

На први јули беше регистриран вториот случај, маж на возраст од 44 години. Во Кавадарци досега се инфицираа 22 лица, а активни се 16 случаи.

Вики Клинчарова

Поврзани новости