Трет ден по ред над илјада заразени со Ковид 19 во Шведска

by Фокус

Во Шведска трет ден по ред е регистрирано големо зголемување на бројот на новозаразени со коронавирусот, кое денеска изнесува 1.056.

Шефот на Агенцијата за јавно здравје, Андрес Тегнел, изјави дека дошло до зголемување на случаи најмногу во западниот дел на Шведска и меѓу помладата популација.

Со денешниот број од 1.056 новозаразени, вкупниот број на случаи на коронавирус во земјата изнесува 43.939, а бројот на смртни случаи се зголеми на вкупно 4.639.

Инаку, шведскиот пристап кон коронавирусот беше поинаков, затоа што за време на пандемијата продавниците, спортските сали и рестораните останаа отворени, а од јавноста беше само побарано да ги избегнува сите непотребни патувања.

Поврзани новости