Тренерот на ПСЖ обвинет за расна или религиска дискриминација

by Fokus

Од Обвинителството во францускиот град Ница стигна потврди дека е отворена прелиминарна истрага против тренерот на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие, поради сомнежи за расна или религиска дискриминација додека тој работел во фудбалскиот клуб Ница.

Истрагата е поврзана со обвинувањата против Галтие, потврди агенцијата „Франс прес“ изјава од обвинителот од Ница – Завиер Боном.

Според него, се претресуваат просториите на фудбалскиот клуб Ница.

Обвинителот Боном потврдил дека вчера на негова иницијатива била отворена прелиминарна истрага против 56-годишниот фудбалски тренер поради сомневање за дискриминација врз основа на раса или религија.

„РМЦ Спорт“ и другите француски медиуми ја објавија содржината на електронската пошта што поранешниот спортски директор на Ница, Жилиен Фурние ја испратил до сопствениците на клубот на почетокот на неделата, во која Галтие рекол дека „има многу црнци и муслимани во тимот“.

Адвокатот на Галтие им рекол на француските новинари дека тренерот е „шокиран кога слушнал за навредливиот и клеветнички медиумски извештај“ и рекол дека ќе преземе правни мерки.

Поврзани новости