470
Тренерот на шпанскиот тенисер, Рафаел Надал, Карлос Моја забележа дека неговиот клиент имал одлична сезона.
„Јас би ја оценил оваа сезона со 9,9 од можна оценка 10. По сè што помина на почетокот на сезоната, Рафаел победи на два Грен слем турнира и ја заврши годината како прв рекет на светот. Ова е едноставно неверојатно. Тој се разви физички, психолошки, во смисла на разбирање на играта. Способноста на Надал да се развие е изненадувачка“, изјави Моја.
Надал овој месец успеа да го симне Ѓоковиќ од врвот на АТП ранг листата и таму ќе презими.