Тренерот на Јувентус задоволен од тандемот Роналдо-Дибала

by Fokus

Главниот тренер на Јувентус, Маурицио Сари ја пофали екипата за победата над Болоња.

„Старата дама“ повторно има предност од 4 поени пред Лацио, а Сари го истакна добриот настап на Адријан Рабио.

Кристијано Роналдо и Пауло Дибала исто така заслужија добри зборови.

– Мислам дека игравме добро, дури и во првото полувреме. Имавме јасни позиции, но не дозволивме ниедна пред нашиот гол. Ние постигнавме три убави гола, покажавме тимска игра. Беше само прашање на време пред да се вратиме на нозе по разочарувањето во финалето на Купот на Италија. Рабио напредува. Сите очекуваат многу од него и не е лесно да се исполнат ваквите очекувања. Тој не играше за ПСЖ 7 месеци. Тој дојде во друга земја и во тим со различен стил. Потоа имаше повреда, но сега се е во ред, изјави Сари.

Стручњакот откри дека претходно било решено Кристијано Роналдо да добие пауза во последните минути, доколку мечот се реши во корист на Јувентус.

Тој особено е задоволен разбирањето меѓу Португалецот и Пауло Дибала.

– Тие научија да се бараат едни со други почесто и веќе ги реализираат придобивките од играњето заедно. Тоа е нешто што го забележувам и на тренинзите, рече Сари

Поврзани новости