Тренерот на „ѓаволите“ проговори за иднината на Роналдо

by Fokus

Тренерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, по вчерашната победа во која го совлада Саутемптон со 1:0 во натпревар од 4. коло на англиската Премиер лига, изрази надеж дека напаѓачот Кристијано Роналдо ќе остане во клубот.

– Дали оваа средба беше последна во дресот на Манчестер Јунајтед за Роналдо? Ние имаме заеднички планови со Кристијано. Сакаме Роналдо да остане во Манчестер јунајтед, изјави Тен Хаг за „Скај спортс“.

На вчерашната средба на стадионот „Сент Мери“ во Саутемптон, 37-годишниот Португалец влезе како замена во 68. минута.

Оваа сезона Роналдо учествуваше на четири натпревари во Премиер лигата, нема постигнато гол или асистенција. Договорот на напаѓачот со клубот е до 30 јуни 2023 година.

По четири кола во Премиер лигата, Манчестер Јунајтед освои шест бода и се наоѓа на седмото место на табелата.

Поврзани новости