Тренерот на Баерн и купил куќа на куќната помошничка

by Fokus

Во јавноста се појави неверојатна приказна, а се однесува на германскиот тренер Томас Тухел.

Актуелниот тренер на Баерн Минхен своевремено раководеше со екипата на Пари Сен Жермен и тогаш живееше во Париз, со својата сопруга. Тие најмиле куќна помошничка од Филипините, која се грижела за секој детал во нивниот дом.

Германците биле воодушевени од нејзината посветеност на работата, секогаш професионално ги извршувала своите обврски, без воопшто да гледа во часовникот дали и е завршено работното време. Со текот на времето, семејството Тухел изградило однос на доверба и пријателство со неа.

Во еден момент Томас и неговата сопруга дознале дека Филипинката напорно работи за да собере пари за тешка операција на срцето на едно од нејзините деца.Тогаш тренерот решил целосно да ја финансира операцијата.

Но, тоа не е се.

Томас Тухел еднаш ја прашал кој е нејзиниот најголем сон во животот.

Таа одговорила дека сака да се врати во татковината и да изгради дом за своето семејство.

Тухел работеше во Пари Сен Жермен од мај 2018 до декември 2020. Тој освои две титули во француската лига, Националниот куп, Лига купот, но исто така го загуби финалето на Лигата на шампионите во 2020 година од неговиот сегашен клуб Баерн.

Кога доби отказ во Париз, не ја заборави својата куќна помошничка, пред да замине:

И купил имот и куќа на Филипините каде што денес таа живее со семејството!

Поврзани новости