Тренер ја доби најголемата суспензија во историјата на Англија поради дискриминација

by Fokus

Поранешниот менаџер на англискиот четвртолигаш Кроули, Џон Џејмс, е суспендиран од сите активности поврзани со фудбалот до 5 јануари 2026 година поради дискриминаторски јазик што го користел кон играчите.

Џејмс првично беше суспендиран на 15 месеци во јануари, но по одлуката на комисијата за жалби казната беше драстично зголемена.

Тој потоа се изјасни за виновен за едно обвинение и беше прогласен за виновен за уште 11 во врска со коментари дадени помеѓу 2019 и 2022 година, поврзани со етничко потекло, боја, раса, националност, религија, верување или пол.

Дисциплинската комисија формирана од Фудбалската асоцијација на Англија откри дека 63-годишниот тренер користел исламофобичен јазик, како и расни навреди и стереотипи кон играчите со потемна кожа.

ФА соопшти дека тоа е најдолгата забрана некогаш изречена во англискиот фудбал поради дискриминација, додавајќи дека таа е оправдана бидејќи има „бројни примери на несомнен и бесрамен расизам“.

Голем број играчи на Кроули поднесоа жалби за Џејмс до Здружението на професионални фудбалери, што доведе до истрага и негова суспензија на 12 дена, пред да биде отпуштен во мај минатата година.

https://twitter.com/FA/status/1648597531377451009?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1648597531377451009%7Ctwgr%5Eff6b20fd88d2ec66b7583d1e8c6349e8e53c9f0d%7Ctwcon%5Es1_c10&ref_url=https%3A%2F%2Fnova.rs%2Fsport%2Ffudbal%2Ftrener-zbog-diskriminacije-dobio-najvecu-suspenziju-u-istoriji-engleske%2F

 

Поврзани новости