Трендафилов: Наместо разбирање од Владата за покачување на платите, ние добивме ниски удари

by Fokus

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска одговори на нападите од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека соработува со СДСМ, и затоа се барањата за повисоки плати.

„Очекувавме Владата да има разбирање за покачување на платите, а наместо тоа добивме ниски удари. Да го напаѓаат ССМ и да кажуваат како се координираат со опозициски партии, е смешно и трагично“, рече Трендафилов.

Тој најави дека ќе има големи протести на 2. ли на 7. април ако не се дојде до договор.

Трендафилов најави дека не е ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ниту на СДСМ, Левица и ДУИ.

Поврзани новости