Трендафилов: Имаме доближивања во ставовите за платите во јавниот сектор

by Fokus

Претседателот на Сојузот на синдикатите Слободан Трендафилов по средбата на работната група на Економско социјалниот совет во Министерството за финансии  рече дека има посеризони доближувања кон нивните барања за покажување на платите, исплата на регрес за годишен одмор за вработените во јавниот сектор.

„По состанокот на повисоко ниво, со двајца министри и четворица синдикални претставници, тоа што можам да го кажам е дека има посериозни доближувања кон нашите идеи, замисли и барања и она што Министерството за финансии и Владата можат да го понудат во поглед на нашите барања“, изјави Трендафилов.

На средбата на работната група на Економско социјалниот совет во Министерството за финансии се разговараше за методологијата за покачувањето на платите во јавниот сектор и институциите.

„Се доближуваме до тоа што ние го зборуваме, 14,2 проценти, 12,55 проценти и 10,9 проценти како основа врз која ќе растат платите на вработените во јавниот сектор. Останува да видиме дали кој параметар ќе биде земен во начинот на пресметката на платите и сите вработени во јавниот сектор од септември да добијат исто зголемување во процент на нивните плати“, рече Трендафилов.

Тој додаде дека е договорено да имаат уште една средба следната недела в понеделник, а дотогаш синдикалците треба да се консултираат со нивните органи и тела и да заземат став и да одлучат дали тоа што го дискутирале денеска е прифатливо за синдикатите и јавниот сектор.

Поврзани новости