736
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во гостувањето во „24 анализа“ на ТВ 24 порача дека наставниот кадар бара превисоко зголемување на платите во време на ваква криза.
„Како што растат цените на трошоците, така и секоја година ќе се зголемуваат платите. Ова е едно од најдобрите решенија понудени на СОНК, кое требаше да биде прифатено и досега, а 18,4% е навистина премногу во вакви услови на економска, енергетска и ценовна криза е навистина премногу, рече Тренчевска.