Тренчевска: Веќе не зависи кој е министер или премиер, платите во јавниот сектор ќе растот според закон

by Fokus

„Новиот колективен договор е историски, бидејќи во него има многу поволности за вработените во целиот јавен сектор. Тоа се околу 130 илјади вработени, но најважно е дека дефинираме систем на плати во јавниот сектор“ изјави министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во „Само вистина“ на Канал 5.

Таа додаде дека со новото системско решение за плати се гарантира постојан раст на платите во јавниот сектор и тие нема веќе да зависат од тоа кој е министер или премиер.

„Растот на платата ќе биде врзан со просечната плата. Од март 2025 година ќе иамме нов систем на плати, каде имаме коефициент на сложеност кој се многу со порастот на просечната бруто плата во државата“ рече Тренчевска.

Министерката кажа дека од септември, оваа година, сите вработени во јавниот сектор ќе добијат покачување од 10 отсто на платите, а до крајот на годината ќе добијат и регрес за годишен одмор од 10 илјади денари.

„Од 2024 година регресот ќе биде најмалку 30 отсто од просечната плата. Тоа значи дека со гранските колективни договори регресот за годишен одмор може да биде договорен и повисоко“ рече Тренчевска.

 

Поврзани новости