Грижата за нашите повозрасни сограѓани, пензионерите СДСМ ја покажа во изминатите години преку системски мерки и политики за зголемување на пензиите а обезбедивме и мерки за финансиска поддршка. Со последниот пакет антикризни мерки поддршка добиваат 187.000 пензии со пониски пензии, рече министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска на партиска трибина во Валандово.
– Го штитиме животниот стандард на пензионерите во услови на продолжени ефекти од енергетската криза. Во наредните 5 месеци пензионерите со пензија до 14.000 денари добиваат по 3.000 денари месечно финансиска поддршка. За 5 месеци тоа е поддршка од вкупно 15.000 денари и реална помош во услови на продолжена криза. Пензионерите пак со пензија од 14.000 до 16.000 денари добиваат вкупно 10.000 денари за период од 5 месеци – рече Тренчевска.
СДСМ веќе ги покачи пензиите пораснаа во просек 5.000 денари во однос на тоа што изнесуваа од времето на ДПМНЕ, само последната година ги зголемивме за 25%, додаде Тренчевска.