Тренчевска: Нема нов почеток со стари корумпирани кадри

by Fokus

Очигледно е дека есапот во Белата палата и надвор од неа не е ист, па се измислуваат нови министерства, се распарчуваат постоечки министерства само да се задоволат апетитете на сателитите на ВМРО-ДПМНЕ, истакна пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска на денешната собраниска седница.

Тренчевска посочи дека за краток период има различни изјави и лаги, за ваквата гломазна влада.
Од првичните изјави на ВМРО-ДПМНЕ, по победата на парламентаните дека Владата ќе бори 16 членови, денеска пред нас е предлог зголемен дури за 50 проценти, односно со нови 8 министри, нагласи Тренчевска, додавајќи дека за да се оправда сето ова се користат зборови како реформа, нов почеток и слично.

Но сосема е извесно впечатливо дека ниту ќе има нов почеток, ниту „р“ од реформите ќе има. Дополнително на тоа ако се погледнат биографиите на предложените министри, ќе видиме дека нов почеток, со најголем дел стари корумпирани кадри, коишто беа дел од режимот на ВМРО-ДПМНЕ до 2016 година, не може да очекуваме од нив. Единствено што може да очекуваме од нив да си ги засукаат ракавите за рачињата подлабоко да им брцат во медот, истакна Тренчевска.

Трнчевска додаде дека вешт во оваа техника е кандидатот за министер за Локална самоуправа и може да го сподели ова искуство со остнатите членови на Владата.

Кандидатот за министер за транспорт и врски може да сподели своите искуства од кавијар дипломатијата во Азербејџан, кандидатот за министер за одбрана може да го сподели искуство од ЈП за државни патишта, министерството за транспорт, а Горан Минчев, кандидатот за министер за администрација искуството од директорувањето со СОЗР, нагласи Транчевска, додавајќи дека владата со ваквиот предлог на кандидати има одличен потенцијал за споделување на вакви исксуства.

Тренчевска истакна дека предложените кандидати имаат и импозантни биографии на дури пет реда, со искуство од нула денови во ресорите за кои се именувани, наведувајќи ги како пример предлозите за министри за социјална политика, демографија и млади, за трудови политики, вработување, социјален дијалог, како и за ресорот правда.

До пред неколку години главен кадровик во СДСМ денес сателите на ВМРО, ќе биде задолжен да ги смести партиските членови на ВМРО-ДПМНЕ во администрацијата.

Генерален секретар на СДСМ, пратеник од редовите на СДСМ 6 години, директор на СОЗР, заменик директор на ЈП водовод и канализација е предлог за министер за администрација, нагласи Тренчевска, додавајќи дека очигледно за личниот интерес и образот и идеологијата ќе си ги продаде.

Поврзани новости