Тренчевска најавува раст на минималната плата

by Fokus

Министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска изјави нема да се подигнува цензусот за примање на детскиот додаток – кај образовниот додаток, туку постојано и во 2023 година ќе расте минималната плата согласно новата методологија, бидејќи целта на социјалната реформа е повеќе приход во семејствата каде што примаат минимална плата.

-Целта на социјалната реформа во 2019 година беше за семејствата кои се наоѓаат во социјален ризик да бидат опфатени што поголем број на семејства и затоа беше воведен и детскиот образовен додаток не само за оние коишто се со ниски примања, туку за сите граѓани. Меѓутоа, од друга страна целта на реформата во делот на минималната плата, односно покачувањето на минималната плата е да семејствата имаат поголем приход во рамки на својот буџет. И затоа ја зголемивме минималната плата во март 2022 година со едно системско решение кое што значи постојан раст на платите, односно постојан раст на минималната плата, рече на новинарско прашање Тренчевска.

Поврзани новости