1K
Македонија се соочува со трет бран на корона вирусот кој е мошне сериозен и прави огромни проблеми врз здравствените работници во земјава.
И покрај тоа што лани, со 20-30 заразени во земјава имаше карантин, сега со над 1000 заразени и од 20 до 50 смртни случаи, власта не повлекува сериозен потег.
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари смета дека полицискиот час од 22 часот до 05 часот наутро е сосема непотребен и не го дава посакуваниот ефект.
„Треба да се размислува за ограничувачки мерки, требаше пред 10 дена да се започне со рестрикции. Полицискиот час по 22 часот е хипокризија“, вели Таравари во гостувањето во Студио 10 на ТВ 24.