Треба физички, комбиниран и онлајн модул за настава, предлага ВМРО-ДПМНЕ

by Fokus

ВМРО-ДПМНЕ реагира што Владата е без одлука за типот и начинот за изведување на наставата, непосредно пред почетокот на учебната година. Оттаму предлагаат три модули за организирање на наставата: физички, комбиниран и онлајн.

„Физичка настава може да има во средини каде што нема ковид-19 или има изолирани случаи. Комбинирана настава може да има во средно ризични подрачја со најмногу 15 ученици во клас, со преземени сите мерки за безбедност. Онлајн настава треба да има во средините со висок ризик“, се наведува во реакцијата на опозициската партија.

Опозицијата забележува што Министерството за образование и
наука нема прецизни одговори на бројните предизвици, и е со спротивни ставови на Комисијата за заразни болести и Министерството за здравство.

Поврзани новости