Македонија го има своето место во ЕУ и европскиот пат треба да го изоди до крај. Земјата постигна голем напредок. Напорите треба да продолжат. Тоа не е секогаш лесно, но тие напори се важни за да може да се зајакне и правната држава, рече француската државна секретарка за Европа Лоранс Бун по денешната средба со премиерот Димитар Ковачевски.
На заедничката прес-конференција по средбата, Бун упати три пораки. Првата, како што рече, е за пријателство меѓу двете земји, Северна Македонија и Франција, втората е порака на охрабрување во однос на целосното евроинтегрирање, а третата е порака за заеднички постојан ангажман – продлабочување дијалогот на сите теми особено во рамки на европската политичка заедница, како и зајакнување на економските односи.
-Патот треба да се изоди до крај, треба да продолжат напорите. Знам дека не е секогаш лесно, но тие напори се важни за да може да се зајакне и правната држава, потенцира Бун.
ФРОНТЕКС е потврда, рече Бун, дека македонскиот јазик ќе стане официјален во ЕУ кога земјава ќе и се приклучи на Унијата.
-Имам да упатам три пораки. Правта е пораката на пријателство меѓу двете земји. Ние сакаме да свртиме нова страна со Северна Македонија и да ги продлабочиме севкупните односи. Целта на мојата посета овде е да покажам доследност и посветеност на вашата земја на патот кон ЕУ. Заедно работевме на отворање на европските перспективи зашто Северна Македонија го заслужува тоа и го има своето место во рамки на Унијата.
Сакаме да останеме заедно со вас во наредните етапи до крајната цел. Вашата земја го има заслуженото место во ЕУ. Втората порака е порака на охрабрување – направивте извонредни напредоци и тоа е импресивно, за соживотот меѓу различните заедници, нормализирање на односите со соседите, но и за евроатлантската интерација на земјата. Праведно е ако се каже дека навистина направивте многу за пренесување на европското законодавство во домашното. Третата порака е за заеднички постојан ангажман, подвлече Бун.
Ќе го продлабочуваме дијалогот на сите теми особено во рамки на европската политичка заедница, ќе ги зајакнуваме и нашиоте економски односи, но и ќе работиме на зајакнување на изчувувањето на францускиот јазик во Северна Македонија.
Бун допатува од Тирана, а за време на посетата на земјава ќе биде премена од претседателот Стево Пендаровски. Од собраниската прес-служба најавена е и средба на Бун со членовите на Националниот совет за евроинтеграции.