Треба да го земеме сериозно секој сигнал од нашиот стратешки партнер. Ова го изјави вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко кој е ставен на „црната листа“ на САД за голема корупција, злоупотреба на фондови и мешање во судството.
Тој додаде дека нашите институции треба да се познимаваат со наводите на Стејт департментот.
„Треба сериозно да го разгледаме тоа, нашите институции да се позанимаваат со тоа и секој сигнал од нашиот стратешки партнер треба сериозно да се зема.
Околу политичките чекори и натамошните институционални чекори треба да каже политичката партија на која и припаѓа Мерко и надлежните институции. Принципиелно треба да го земеме сериозно секој сигнал од нашиот стратешки партнер “, рече Маричиќ.
Министерот за финансии и сопартиец на Мерко, Фатмир Бесими не коментираше за струшкиот градоначалник.