Трас: Русите не може да преговараат со вперен пиштол во главата на Украинците

by fokus

Британската министерка за надворешни работи, Лиз Трас, изјави дека не може да има разговори со Русија за Украина додека има руски војници на украинска територија.

-Доколку Русите се сериозни за преговори треба да ги повлечат своите војници од Украина. Не може да преговараат со вперен пиштол на главата на Украинците…Искрено не верувам во овие таканаречени напори за преговори, изјави таа.

-Се плашам дека ова ќе трае долг период, ова може да трае неколку години. Русија има силни сили и знаеме дека Украинците се храбри, тие се решени да застанат во одбрана на нивниот суверенитет и територијален интегритет и решени се да се борат, рече Трас.

Поврзани новости