667
Британската министерка за надворешни работи Лиз Трас денеска изјави дека Русија мора да биде суспендирана од Советот за човекови права на Обединетите нации поради масовните гробници пронајдени во Буча, Украина.
– Со оглед на веродостојните докази за воени злосторства, вклучително и извештаите за масовни гробници во Буча, Русија не може да остане членка на Советот за човекови права на ОН, напиша Трас на Твитер.
Украинските власти вчера соопштија дека истражуваат можни злосторства на руските сили откако, како што тврдат, пронашле стотина тела расфрлани во градовите, меѓу кои и Буча, а по повлекувањето на руските сили од таа област, објавија западните медиуми.