Трас го обвини Путин дека „очајно се обидува да ги оправда своите катастрофални неуспеси“

by Fokus

Британската премиерка Лиз Трас го обвини рускиот претседател Владимир Путин за „заканувачко тропање со оружје“ за да ја прикрие неговата неуспешна инвазија врз Украина и им кажа на Обединетите нации дека нивните основни принципи се прекршени поради агресија на авторитарни држави.

Во својот прв говор пред Генералното собрание на ОН, Трас ја нарече војната во Украина битка за „нашите вредности и безбедноста на целиот свет“ а покојната кралица Елизабета Втора ја нарече симбол на сè што значат ОН.

Коментирајќи ја одлуката на Путин да ги мобилизира резервистите и да искористи се што му е на располагање за да ја заштити Русија – што очигледно упатува на рускиот нуклеарен арсенал – Трас го обвини рускиот лидер дека „очајно се обидува да ги оправда своите катастрофални неуспеси“.

– Тој го зголемува ризикот испраќајќи уште повеќе резервисти во ужасна судбина … Тоа нема да успее. Меѓународната алијанса е силна, Украина е силна, рече Трас која говореше по украинскиот претседател Володимир Зеленски.

 

Поврзани новости