Компанијата на Сеад Кочан „Трансмет“ чии сметки и имот се блокирани пак доби тендер од ЕЛЕМ, покажува набавката објавена на Електронскиот систем за јавни набавки.
Според набавката, оваа компанија добила тендер во вредност од девет ипол милиони денари за да бара услуга за градежна механизација.
Доделувањето на тендерот доаѓа во време кога Сеад Кочан се врати во земјава по двомесечно бегство откако му беше доделен притвор заради тоа што е осомничен во случајот „Труст“ на СЈО и тоа поради проневера на пари на доделен тендер на неговата фирма „Транс мет“ во вредност од 17 милиони евра.
Според СЈО, злоупотребите биле сторени во тендерската документација за ископ и транспорт на јаглен од рудникот „Суводол“, Битола.
Три физички и три правни лица се осомничени во случајот „Труст“ кои според СЈО го добиле тендерот со фалсификувани документи. Првоосомничен во случајот е управител на Трансмет, второосомничен е управител на Силекс неметали СТ од Кратово, а третоосомничен е управител на Вато Доо Студеничани Скопје.