Американската старлета Кетлин Џенер изјави дека жали поради тоа што го поддржала американскиот претседател Доналд Трамп, кој пак, постојано ги напаѓа трансексуалците.
Џенер, кој е роден како Брус и е поранешен олимпиец, во статија во „Вашингтон пост”, вели дека бил заблуден кога го поддржал Трамп на претседателските избори пред две години.
– Реалноста е дека трансексуалната заедница е постојано под напади од овој претседател. Тој не нѐ признава како луѓе, го навредува нашето достоинство, и сѐ тоа во обид да го привлече на своја страна крајно десничарското крило на нашата партија, вели 68-годишниот трансексуалец кој долго време е активист на Републиканската партија.
Според американски медиуми, Трамп има намера да го дефинира сексуалниот идентитет на одредено лице според половите органи, кои тоа лице ги имало при раѓањето. Така, трансексуалците ја губат можноста да бидат официјално признати.