Трамп: Зеленски сака договор со Русија

by Фокус

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е заинтересиран за „договор“ за ставање крај на војната со Русија, откако двајцата се сретнаа во Париз за да разговараат за иднината на конфликтот.

„Зеленски и Украина би сакале да склучат договор и да го запрат лудилото“, напиша Трамп на својата платформа „Truth Social“.

Францускиот претседател Емануел Макрон беше домаќин на тринасочни разговори со Зеленски и Трамп во Елисејската палата, додека во Киев расте стравот за ставот на новата американска администрација.

Поврзани новости